Храна за пчели

ПОГАЧА СО НОЗЕЦИД
СТИМУЛАР
ПОЛЕНСКА ПОГАЧА
Се препорачува овие погачи да се употребуваат и во беспашни периоди, како би се стимулирала матицата во носењето, а воедно интезивно да се зајакнуваат младите генерации на пчелите.За сите овие намени доволно е 3 кгр. од овие погачи по пчелно семејство.
ИНВЕРТЕН СИРУП
Збогатен ензимски инвертиран сируп кој се употребува од раната пролет па се додека пчелното семејство не го достигне својот биолошки максимум за првата паша.Овој сируп помага на пчелите полесно да ги градат сатните основи, доколку од природата нема доволно внес на нектар, а воедно ја стимулира матицата на поголемо носење на јајцата.На роевите на кои им се додава овој сируп многу бргу напредуваат и стануваат спремни наредната година да станат производни друштва.Со овој сируп многу бргу се создаваат медни венци во плодишта така да пчелите во првата паша медот директно го одлагаат во медишните рамови.Во својот состав овој сируп ги содржи сите потребни витамини и минерали, аминокиселини, кобал хлорид ( форсапил ) како и нозерон ( екстрат од лековити билки ) кои фантастично бргу обезбедуваат експлозивен развој на пчелните семејства
НОЗЕРОН
Како се користи Нозерон ? Најголема смртност кај пчелите се јавува во зима ( латентен ) период.Со примена на Нозерон во шеќерен сируп за дополнување на зимска храна смртните случаи на пчелните колонии се незначителни или непостоечки.Овие колонии во текот на годината се здрави,силни и продуктивни.Ако користите Нозерон за пролетно прихранување,продуктивноста на пчелните колонии ќе биде поголема.Нозерон може да се применува без ограничувања. Како се употребува Нозерон ? Во подготвена храна,погача или шеќерен сируп ( 1-1 ) на секој литар сируп ставете 2.5 мл ( или гр ) нозерон, односно на секои 4 литри – лажица нозерон.Така подготвена храна се дава по 400 мл на секое матично семејство. Оваа постапка се повторува 4 пати на секои 5 дена, и така ги штити младите пчели во период од 21 дена.

Мед и пчелни производи